Самит на лидерите на ЕУ: Различни ставови за квотите за бегалци

Сподели со своите пријатели

По низата потресни и застрашувачки извештаи за судбината на африканските бегалци на патот кон Европа, кои често се плен на трговците со луѓе или се препуштени на ужасната смрт во Сахара, со оваа тема се занимаваа и лидерите на ЕУ на дводневниот самит кој започна во брисл. Разликите во ставовите за квотите за прием на бегалци не оставаат место за компромис.

Новиот рпемиер на Полска и Чешка, Матеуш Моравјецки и Андреј бабиш, најавија дека нема да се откажат од политиките на своите претходници во врска со приемите на мигрантите.

Земјите членки на Вишеградската група, Унгарија, Полска, Словачка и Чешка и овој пат пред самитот договориле заеднички став против наметнувањето на квотите за прием за бегалците.

– Има смисла да се инвестираат значителни суми пари за помош на бегалците во регионите од каде што доаѓаат. Помошта на терен би била поефикасна, рекол Моравјецки.

Премиерите на земјите на Вишеградската група понудиле 35 милиони евра на Италија како поддршка на проектите за помош на мигрантите во Либија, што би ја намалило миграцијата во Европа.

Италијанскиот премиер, Паоло Џентилони ја поздрави финансиската помош, но вели дека овие земји, мораат да примат бегалци.

Заговорниците на квотите за прием се закануваат со несогласување.

– Тоа нема да се случи. Секој обид за наметнување на бесмислените квоти само ќе ги разбуди поделбите, смета Бабиш.

Наместо тоа Бабиш побарал од ЕУ поодлучно да тргне во борба против криумчарите. Тој вели дека новата чешка влада настојува да ја наговори Европската комисија да се откаже од тужбата против Чешка, Полска и Унгарија.

Бриселската администрација има своја визија за безбедноста, во која нема место ниту за потресните слики од Либија ниту за ставовите на земјите кои бегалците не ги сакаат на својата територија.

– Точно 10 години по потпишувањето на Лисабонскиот договор ние сме пред исполнување на една од неговите главни одредби за соработка на постојаната одбрамбена структура. Министерската одлука од минатиот понеделник е историска и ќе ја претвори ЕУ и глобланен и доверлив фактор за светската безбедност, изјавила Федерика Могерини.

Покрај расправата за скандалот со злоставување и убивање мигранти во Либија и условите за Брегизт на дневниот ред на самитот ќе биде и политиката за проширување на Унијата.

Со бројни поделби Стратегијата за влез на земји од Западен Балкан во Унијата е една од ретките каде не се очекуваат поголеми несогласувања.