Сакате повеќе секс? Овие трикови даваат резултати!

Сподели со своите пријатели

Сексот го подобрува имунитетот, помага во борба против стресот, ја намалува болката и ја подобрува врската.

Сепак,според анкетата која ја спровел магазинот „Healthy Women“, две третини од жените водат љубов само еднаш неделно. Која е главната причина поради која жените не водат љубов често и кои се решенијата, открива од својата работа со пациентите, лекарката Хилда Хутчерсон од Универзитетот во Колумбија.

Совети како да издржите подолго во сексот

Loading...

Замор

Најчест изговор е заморот. Меѓутоа и за тоа постои решение. Осве што морате да се наспиете, корисно е и вежбањето, кое ќе ви даде повеќе енергија. На крајот на краиштата, ниту сексот не мора да биде маратонски, понекогаш е добар и брзинскиот.

Нерасположение

Не е необично страста да се намалува што подолго сте во врска со партнерот. За да ги зачините работите, обидете се со секс надвор од спалната соба, секси играчки или експериментирајте со позите. Бидете свесни дека на расположението влијаат хормоните, посебно пред самата менструација. Тогаш е препорачливо да намалите внесување на соли и кофеин во организмот и да пиете многу вода за да се чувствувате подобро. Имајте на ум дека и таблетите кои ги земате влијаат на расположението и сексуалната желба, како контрацепциските таблети.

Како да дојдете до оргазам истовремено со вашиот партнер?

Гнев

Недостатокот на секс мое да биде и знак за нерешени проблеми во врската. Добрата вест е дека партнерот би можел да биде попдготвен за соработка и решавање на проблемот кога би бил свесен дека тоа води до подобар секс, на обострано задоволство.

Главоболка

Имајте на ум и дека таблетите против болки можат да ја намалат сексуалната желба, затоа не би било лошо да се обидете со таблетите кои го надокнадуваат магнезиумот кои пак можат да ја намалат зачестеноста на главоболките.