Саем на книга во кумановската библиотека

Сподели со своите пријатели

Од денес до сабота, кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ заедно со издавачката куќа „Култура“ организира мини саем на книга на кој граѓаните на Куманово ќе имаат можност да си набават книга по промотивна цена.

Во насока на популаризација на книгата и читањето, ЈОУ „Тане Георгиевски“ од денеска до сабота во соработка со издавачката куќа Култура од Скопје организираме мини саем на книги каде што издавачката куќа ќе бидат изложени книгите од нивните најнови изданија, најпопуларни изданија при што нашите корисници, граѓаните ќе имаат можност по промотивни и саемски цени да си набават книги од најновите изданија на издавачката куќа Култура. Во таа насока утре со почеток во 19 часот ќе имаме промоција на книги од нашата најчитана авторка од издавачката куќа „Култура“, Милијана Павловска при што еве можност да ги поканам сите љубители на пишаниот збор доколку се во можност да присуствуваат – изјави Петковски.

Штандот ќе биде отворен до сабота во период од 10 до 19 часот.