Руски космонаут: Аралското море скоро па исчезна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рускиот космонаут Антон Шкаплеров објави фотографија од Аралското море од вселената на која се гледа катастрофалната судбина на тоа море – некогава цела површина во последните неколку години е драстично намалена.

Тој иразил жалење што нивото на морето на границата помеѓу Казахстан и Узбекистан станало катастрофално ниско, со оглед дека претходно било доста поголемо, но во последните 50 години се намалило поради намалениот доток предизвикан од хидрогеолошките работи на реките притоки Аму Дарји и Сир Дарји.

Имено од 40те години на 20.век водите на овие реки се користат за наводнување на полињата со памук во Казахстан и Узбекистан, а со оглед дека околу 20 до 60 кубни километри вода годишно се издвојуваат за наводнување, нивото на езерото опаѓа за 20 до 60 сантиметри годишно.

https://instagram.com/p/BfQzP2sB8Dr/?utm_source=ig_embed

Loading...

Резултат на тоа е што целото езеро од 1960. година се намалило за 80 отсто, додека зголемениот салинитет ги уништил скоро сите форми на живот во него.

Поради опаѓањето на нивото на езерото дошло до промени во локалната клима и изумирање на многу растителни и животински видови. Тоа довело и до пораст на риболовот и индустриите кои биле поврзани со него, а некогашните пристаништа денес се наоѓаат и до 50 километри од сегашниот брег на езерото.

Од 1989. година поделено е на Мало море на север и Големо море на југ, а ако ништо не се преземе, се верува дека јужниот дел на езерото целосно ќе исчезне до 2025. година. Со изградбата на брана на северот дошло до нагло растење на нивото на водата во Малотоморе.

Засега Казахстан е заинтересиран за мерки за спасување на својот дел од Аралското езеро, односно некогашно море, со помош на кредит од Светската банка, додека Узбекистан смета дека производството на памук е многу позначително.

Leave a Reply