Руска редакција ги вооружува своите новинари, „Калашњиков“ нуди попуст

Сподели со своите пријатели

Управата на рускиот весник „Новаја Газета“ соопшти дека по напад на водителката на опозиционото радио „Ехо на Москва“, сака да ги вооружа своите новинари за да бидат побезбедни. Произведувачот на оружје „Калашњиков“ нуди попуст од десет проценти на новинарите кои кај нив ќе купат оружје.

Помошник на главниот уредник, Сергеј Соколов вели дека новинарите ќе се штитат самите ако државата не е спремна да ги заштити.

– Кога новинарите се без заштита пред арбитрарноста која владее на улицит еи немарот од полицијата, нема друго решение, смета Соколов.

Уредничката и водителка на радиото „Ехо на Москва“, Татјана Фељгенгауер во понеделник била напдната во својата редакција. Повредена е и се наоѓа во болница.

– Сакам да ја вооружам редакцијата, нема друг начи. Досега имавме многу обиди за убиство. Ќе ги испратам вработените на обука за самодбрана. Ќе направиме договор со Министерството за внатрешни работи, ќе порачаме и ќе купиме оружје, вели главниот уредник на „Нова Газета“, Димитриј Муратов.

Медиумот се занимава со истражување на чувствителни теми, како корупција, учество на руските војници во конфликтот во Украина и прогон на хомосексуалците во Чеченија.

Од оснивањето на весникот во 1993 година, убиени се шест новинари и соработници, а најпознат е случајот со новинарката Ана Политиковска, критичарка на политиката на Кремљ во Чеченија. Таа е убиена во холот на зградата во која живеела на 7 октомври 2006 година.

Портпаролот на Кремљ, Дмтириј Песков вели дека секој има право да преземе мерки за бебзедност кои смета дека се неопходни под услов тие да се во рамките на законот.

Русите имаат право да купат оружје за онеспособување под усло да добијат дозвола за која се потребни медицински тестови и обука за користење.

Произведувачот на оружје „Калашњиков“ соопштил дека нуди попуст од 10% за новинарите кои сакаат да купат онеспособувачко оружје, како гумени куршуми.

Исто така, компанијата наведува дека е спремна на новинарите да им даде совети за самоодбрана.