Русите украле американски тајни, а ги открила моќна тајна служба на трета земја

Сподели со своите пријатели

Израелската информативна служба Мосад, која ја шпионира руската влада, открила дека Кремљ користел софтвери на руската компанија „Касперски лаб“ за да ја шпионираат Владата на САД.

Софтверот „Касперски“ го користат околу 400 милиони луѓе ширум светот, а до неодамна го користеа и сите американски владини агенции.

Девет нови промени на Facebook кои најавуваат целосен пресврт во светот (видео)

Loading...

Израелските информативци кои ја хакирале мрежата на „Касперски“ пред две години, ги информирале своите американски колеги за руските напади, пренесува „Њујорк Тајмс“.

Тоа довело до одлука Вашингтон минатиот месец да нареди отстранување на сите софтвери на фирмата од владините компјутери.

Операцијата на руските хакери, како се наведува, била да се украдат доверливи документи на еден вработен во Националната безбедносна агенција (NSA) кој ги сочувал на својот личен компјутер дома, на кој имал инсталирано програма за заштита од компанијата „Касперски лаб“.

Руски оперативци трошат илјадници долари на рекламите на Google

Кои уште американски тајни можеби биле украдени од руски хакери, така што софтверот бил претворен во своевиден пребарувач за доверливи информации, засега не е познато.

Како пренесува „Вашингтон пост“ израелските шпиони на мрежата на „Касперски“ наишле на алатки за хакирање кои можеле да потекнат само од NSA.

По истрагата NSA открила дека нејзините алатки сега се во сопственост на руската влада, пишува „Вашингтон пост“.

Минатиот месец американцкиот Национално информативен совет го заврши доверливиот извештај кој го сподели со НАТО сојузниците во кој заклучува дека руски оперативци веројатно имаат пристап до базите на податоци и изворни кодови на програмата на компјутерите на своите муштерии.

Google отстрани над 300 апликации од Play Store

Од NSA, Белата куќа, изралескат аи руската амбасада во САД не сакале да коментираат.

Руската амбасада во Вашингтон минатиот месец рекла дека забраната за користење на софтвери од компанијата „Касперски“ е за жалење и дека сметаат оти таа ќе доведе до понатамошна отежната обнова на билатералните врски.

Од компанијата „Касперски Лаб“ негираат било какво знаење за руското хакирање, ниту пак дека учествувале во него.

„Касперски Лаб“ не помогнат, ниту пак некогаш ќе помогне на било која Влада во светот во сајбершпионажата, стои во соопштението од компанијата.