Русија загрижена за плановите на САД во Сирија

Сподели со своите пријатели

Русија е загрижена за плановите на САД да остане „во позадина“ во Сирија, што докажува дека Вашингтон нема да се откаже од идејата да ја смени владата во Дамаск, изјавил заменик министерот за надворешна работа Сергеј Рјабков.

– Сад влегоа во Сирија без повик на владејачката легитимна влада и без никаков мандат од Советот за безбдност при ОН, кој би ги легитимирал нивните постапки таму. Сегашните изјави за намерата да останат во позадина во Сирија предизвикуваат страв, како што ние мислиме Вашингот не се откажува од својата идеја за смена на владата во Дамаск, рекол Рјабков, а пренесува агенцијата „Тасс“.