„Ронин Доџо“ со злато од Светското шотокан првенство

Сподели со своите пријатели

Карате клубот „Ронин Доџо“ од Куманово запиша светски успех, откако месецов освоија златен медал во конкуренција од над 100 држави на Светското шотокан првенство кое се одржа во Варна, Бугарија.

 

Loading...

 

Ова првенство се одржува еднаш годишно, а сениорките на „Ронин Доџо“ благодарение на напорната работа и синхронизираност го освоија златниот медал совладувајќи го во финале противникот од Романија.

Се работи за дисциплина ката тоа се форми и вежби кои се работат во каратето како вештина, бара исклучиво многу напорна работа, затоа што тимот работи синхронизирано и е многу захтевна дициплина. Се натпреварува еден тим против друг, нашите имаа можност да влезат во финале и да го освојат златниот медал. Тимот бара многу години работа, секојдневна постојана работа. Работат по два тренинга дневно последните месеци, а инаку вежбаат над 10 години девојки – изјави Оливер Милорадовски, тренер во  Карате клуб „Ронин Доџо“.

 

Николина Милорадовска, Ања Ангеловска и Јована Стојковска се трите златни мускетарки на „Ронин Доџо“ кои тренираат десетина години наназад, а благодарание на своето владеење на оваа дисциплина редовно нижат успеси.

Се претставувам заедно со мојот тим Ања Ангеловска и Јована Стојковска. Станува збор за светско шотокан првенство кое се одржува во Варна во Бугарија. Имаше многу голема конкуренција се работеше за учесници од цел свет, работевме многу напорно и ја постигнавме нашата цел го освоивме првото место – изјави Милорадовска.

Натпреварот беше многу големо нешто за нас и ни беше задоволство да учествуваме на светско првенство таму во Варна, што е подалеку од нашата држава – изјави Ангеловска.

 

Клубот работи повеќе од 13 години наназад, редовно одат на семинари, каде членовите ги усовршуваат своите техники, се едуцираат, но и напорно тренираат.

Loading...