Рокфелер почина, сега таа е највозрасниот милијардер во светот

Сподели со своите пријатели

Мариа Франка Фисоло, Италијанка и вдовица на мажот кој своето царвство го изгради благодарение на „Нутела“, сега е највозрасниот светски милијардер на возраст од 99 години.

Милијардерот и филантроп Дејвид Рокфелер таа титула ја имаше до 20 марти 2017 година кога почина на 101-годишна возраст.

Рокфелер почина во време на обнова на Форбс годишната листа на светски милијардери, а според неа Фисоло, чиј имот е проценет на 26,2 милијарди долари е 29та најбогата личност во светот. Исто така и четвртата најбогата жена во светот.

Мишел Фереро, нејзиниот поекоен сопруг кои почина во 2015 година, бил творед на компанијата која ги освновала „Нутела“, „Киндер“, „Тик-так“ и „Фереро рошер“.

Парот се венчал во 1962 година, а по неговата смрт компанијата не заминала од семејството. Нивните синови, ЏОвани и Пиетро Фереро ја преземале компанијата уште во 1987 година иако Пиетро починал во 2011, Џовани денес го води бизнисот.

Фирмата е основата во 1940 година кога родителите на Мишел Ферера, Пиера и Пиетро, ја претвориле својата посластичарница во фабира, а во 1950 година се прошириле и надвор од Италија, кон Германија и Франција, а потоа и ширум светот.

 

Loading...