Родители држале 13 деца врзани со синџири во подрум

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Калифорнија пронашла 13 лица, на возраст од 2 до 29 години, кои биле држани во залошништво во куќата, а некои од нив во синџири биле врзани за креветот.

Поради злоставување на децата приведени се родителите Дејвид Ален Турпин (57) и Луиз Ана Турпи (49), пренесува ВВС.

Тие се пронајдени во една куќа во перис, 95 километри југостично од Лос Анџелес, навела полицијата.

Како се претпоставува, во прашање се браќа и сестри.

АП пренесува дека полицијата ја алармирала 17-годишна теинејџерка која успеала да избега од куќата.

Полицијата наведува дека заложниците биле неухранети, па меслеле дека се двајца, но меѓу нив имало седум возрасни, на возраст од 18 до 29 години.

Од канцеларијата на шерифот е соопштено дека неколку од децата биле врзани со синџири за креветот. Сите жртви се префрлени во болница.