Родено бебе тешко над седум килограми

Сподели со своите пријатели

Жена од северот на Виетнам родила бебе тешко дури 7,1 килограм и така соборила рекорд во оваа земја, пренесуваат тамошните медиуми.

Родителите, разбирливо, биле шокирани со приновата, а таткото на почетокот не верувал на лекарите.

– Се запрепастив кога ми рекоа дека син ми е тежок 7,1 килограм затоа што резултатите од ултразвукот предвидуваа тежина од околу пет килограми, рекол гордиот татко Тран Ван Кван.

 

Loading...

 

Ова е второ дете на брачниот пар, а таткото наведува дека неговата жена немала некои посебен начин на исхрана во текот на бременоста.

Во просек виетнамските новороденчиња тежак околу три килограми, а им требаат околу шест месеци да достигнат седум килограми.