РЕВОЛУЦИОНЕРНО ОТКРИТИЕ: Пронајден соларен систем сличен на нашиот (видео)

Сподели со своите пријатели

НАСА објави дека открила соларен систем со еднаков број планети како што има и во Сончевиот систем.

НАСА со помош на телескопот Кеплер претходно откри седум планети кои кружат околу ѕвездата Кеплер-90, која изгледа како нашето Сонце. Меѓутоа, научниците денеска објавија дека откриле и осма планета во системот со помош на технологијата за вештачка интелигенција на Google.

Loading...

Осмата планета е откритна со помош на компјутер кој ги обработувал податоците од вселенскиот телескоп на Кеплер и барал сигнали кои би можеле да доаѓаат од планети. Ова откритие укажуа дека и меѓу претходно собраните податоци можат да се најдат информации за соларните системи кои се уште не се откриени. Кеплер собира податоци повеќе од четири години и притоа прегледал 150.000 ѕвезди, наведуваат научниците.

Пет тајни кои НАСА никако не сака да ги знаете (видео)

Планетите во откриениот соларен истем се многу блиски една до друга, за разлика од нашиот систем, но тој е многу стабилен.

– Системот на ѕвездата Кеплер-90 е како мини верзија на нашиот соларен систем. Малите планети се внатре, а големи однадвор, но сите за збиени многу блиску една до друга, изјавил астрономот на НАСА, Ендрју Вандербург.

https://youtu.be/lxpxd5ghOiI

Додава дека ова скоро сигурно не е последниот откриен систем со осум планети.

Системот Кеплер-90 не е добар кандидат за пронаоѓање живот, но новото откритие наведува на претпоставка дека научниците би можеле да пронајдат повеќе планети од што очекувале, со помош на новата компјутерска анализа на претходно собраните податоци.