„Револуцијата“ вечерва продолжува во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вечерва во 19 часот пред зградата на поранешен Комитет фќе започне уште еден протест на „Шарената револуција“ во организација на движењето „Протестирам“.

Уште еднаш ќе бидат истакнати сите барања на граѓаните кон актуелната власт. Потоа протестот се очекува да продолжи со марширање по улиците во централното градско подрачје.

Организаторите порачуваат дека нема да се откажат од барањата и дека како граѓани ќе бараат да се исполни секое нивно демократско барање.