Ременски: Предизборно во Куманово делени одобренија за туѓа нега

Сподели со своите пријатели

На прес конференција, министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски вчера посочи дека вработени во министерството вршеле злоупотреба на својата службена положба и дејствувале во име на политички партии.

По пријави од страна на корисници до Министерството дека, вработени лица во центри за социјални работи и директори ги посетуваат корисниците во својство на претставници на политичка партија и вршат дејствија кои се строго забранети и санкционирани со одредбите од Законот за социјална заштита, Изборниот законик, Законот за спречување на корупцијата и писмените наредби на министерот за воздржување од секаков вид на употреба и злоупотреба на корисниците на социјална помош во политички цели и злоупотреба на службената положба на вработените во центрите за социјални работи. Од вчерашните активности  изготвени се три записници – информираше министерката за труд и социјлана политика д-р Фросина Ташевска-Ременски.

Од контролата која била спроведена било констатирано незаконско постапување во низа Центри за социјални работи, а во Куманово биле изготвени 239 решенија за туѓа нега, а неправилности биле констатирани и во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово.

,Во насока на спречување на секаков вид на манипулации со штитениците сместени во државните старски домови во Република Македонија до директорите доставивме известување во кое укажуваме на строгото почитување на правата на штитениците и недозволивото одземање на личната документација од страна на неовластено лице. Записнички е констатирано дека во старскиот дом во Куманово воопшто не е постапено согласно со одредбите од Изборниот законик за пријава за гласање ден пред датумот утврден за избори. Имајќи го во предвид сето горенаведено, до надлежните институции веќе доставиме соодветни пријави за утврдување на кривична одговорност за посочените лица и други лица по претходни пријави, а истовремено испративме допис до Државната изборма комисија и набљудувачката мисија на ОБСЕ во Република Македонија – информираше Ташевска-Ременски.

Ременски порача директорите и вработените во Министерството за труд и социјална политика да се воздржат од дејствување во корист на политичките партии.

 

Loading...