Реформаторите од ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од Груевски

Сподели со своите пријатели

Реформаторското крило на ВМРО-ДПМНЕ бараат итна оставка од лидерот на партијата Никола Гревски и сметаат оти не е потребно распишување предвремени парламентарни избори, по големата загуба што ја претрпе партијата на шестите локални избори, бидејќи со тоа во моментов таа само уште повеќе би ја загубила силата и би се дефакторизирала.

– Што би правеле ние на нови парламентарни избори, зошто би направиле избори на кои ВМРО-ДПМНЕ би го изгубил големиот број пратеници во Парламентот. Тоа прашање треба да му го поставите на Груевски, затоа што тој посакува избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ би била комплетно дефакторизирана и во Парламентот, порача на денешната прес-конференција Петар Богоевски еден од реформаторите.

Во врска со изборните резултати рече дека партијата мора достоинствено да се соочи со реалноста и волјата на граѓаните.

Итна оставка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, организирање слободен, демократски и обединувачки конгрес, одлука на членовите и симпатизерите дали се за обединување или поделби, прекин на заканите за исклучување од партијата за сите, кои мислат поинаку и ново законско решение за дејствувањето на политичките партии, побара денеска реформаторското крило на партијата.

Тој побара организирање слободен, демократски и обединувачки конрес за донесување нов демократски статут на партијата и избор на нови органи. Предложи организирање управувачки комитет на партијата, како времено тело, кое ќе има претставници од сите релеватни структури на партијата, а ќе го предводи човек, кој има персонален  интегритет да обединува. Не сакаше да шпекулира со можните имиња, за тоа кој би бил тој човек.

Членовите и симпатизерите ги повика да изберат меѓу патот на европската иднина и обединувањето, што го носат реформите во партијата или патот на минатото и пропаста, по кој се оди во моментов под водство на Груевски. Побара и освестување на членството и симпатизерите за потребата од демократизација и модернизација на партијата.

Богоевски упати апел за итен прекин на заканите за исклучување од партијата на сите кои не размислуваат како Груевски.

– Во таа насока Ве повикуваме веднаш да престанете со сите закани за исклучување од партијата на кој било член, кој размислува слободно и демократски. Не е време за предизвикување гнев, поделби и раздор во партијата, додаде Богоевски.

Ги повика сите релеватни политички субјекти да подржат ново законско решение за организирање и дејствување на политичките партии во насока на нивна длабока демократизација.

На прашањето што ќе сторат доколку Груевски не ги прифати нивните барања и дали планираат да се отцепат и да формираат своја политичка партија Богоевски изјави: „Нашата порака е обединувачка. Доколку Груевски инстирира на поделби и отцепувања може слободно со малкумината поддржувачи да си формира своја партија и да продолжи понатаму во неговата желба за некоја си екстремна опција. Продолжуваме во вистинското автентично ВМРО-ДПМНЕ, какво што ни го оставија од 1990 година“.

Текст: МИА / фото: МКД.мк

Loading...