Редовниот секс ја прави жената млада и долговечна

Сподели со своите пријатели

Не дека ви треба изговор да имате секс, но фактот дека сексот подмладува не треба да се занемари. Научниците откриле дека редовниот секс ве подмладува и ве одржува во добро здравје.

Истражувањето издадено во Психонеуроендокринологија покажало дека редовниот секс ги заштитува теломерите. Теломерите ги заштитуваат хромозомите во вашиот ДНК запис.

Ова е добра вест бидејќи теломерите се намалуваат како стареете, а со тоа се зголемува опасноста од развој на дегенеративни болести и прерана смрт.

Испитувањето опфатило 129 жени и докaжало дека сите оние кои имале секс барем еднаш неделно имале зголемени шанси за подолги теломери.

Соодносот продолжил и во насока на намалениот стрес, и квалитетот на врските кај жените кои имаат редовен секс па, затоа, се препорачува секс барем еднаш во неделата за среќна и долговечна жена.