Рецепти за смути погодни за здрави диети

loading...

Кога почитуваме диететски план, важно е во менито да не недостасуваат хранливи елементи кои нѐ одржуваат енергични, здрави, сити и во добро расположение.

Појадокот е најважниот оброк во денот. Затоа можете да ги започнувате вашите утра со чаша хранливо смути, што ќе ви обезбеди ситост, што е пријатно на вкус и помага во согорувањето на вишокот маснотии.

Забележете ги следните неколку рецепти и направете ги дел од вашата исхрана.

5 причини зошто треба да јадете овошје за појадок

Смути за подобрување на метаболизмот

Започнете го денот со пијалок богат со витамини, растителни влакна и минерали кои помагаат за согорувањето на вишокот маснотии и ги забрзуваат метаболичките процеси.

Во кујнски блендер ставете 2 чаши природен јогурт, 10 сирови бадеми, половина лажичка цимет, 10-15 јагодки и лажица мед. Ова хранливо смути нема да го подигне нивото на шеќерот во крвта и ќе ви даде еден енергичен почеток на денот.

Чоколадото е добро за вашето срце

Смути со чоколадо и јагоди

За време на диета поткаснувањето на чоколадо не е забрането, но е добро да ги почитувате квантитетот, како и видот. Ви препорачуваме да јадете црно чоколадо со најмалку 70% содржина на какао. Него може да го користите и во следниот рецепт за чоколадно смути.

Потребна ви е една чаша млеко, може и бадемово или оризово, 30-40 г природно чоколадо, 10 свежи јагоди, 7-8 сурови бадеми. Пијалокот има свеж вкус, а чоколадото во него ќе ви помогне да ги зачувате доброто расположение во текот на целиот ден.

Продолжете им го рокот на траење на јагодите

Смути со јаболка и ленено семе

Додавањето на ленено кон диетата исто така ќе помогне за побрзо и поефикасно согорување на вишокот на масти.

Започнете го денот со чаша смити приготвено од 2 чаши свежо млеко или јогурт, а може и комбинација од двете млека, 10 сурови бадеми, 1 големо јаболко , 1 лажичка ленено семе. Пијалокот има прекрасен вкус, а лененото семе ќе ви помогне да се чувствувате сити во текот на целото утро.

Со чај од ленено семе, до идеална телесна тежина

Смути со банана и путер од кикирики

Интересна комбинација, која ќе ви обезбеди околу 360 калории на појадок. Измешајте ½ чаша ниско калорично свежо млеко ½ чаша нискомаслен јогурт, 2 лажици путер (био) путер, банана, 1 лажичка мед, неколку коцки мраз.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments