Рецепт за лимонада со лубеница

Сподели со своите пријатели

Пред вас е краток, едноставен и брз рецепт за летно освежување и уживање во тропските горештини.

Состојките за овој пијалок се лесно достапни и секој пазар или пилјара ги има во изобилие, па не претставуваат ни голем трошок.

Потребно ви е:

  • 4 шолји коцкици лубеница без семки
  • 3  ½ шолја вода
  • 2 лажички мед
  • ½  свеж цеден сок од лимон
  • парчиња лимон
  • мента

1.Во помало тенџере , додајте  ½  шолја вода и 2 лажички мед и оставете да зоврие. Мешајте додека медот не се раствори.

2. Ставете ја лубеницата во блендер и мутете додека не стане мазна смеса. Процедете ја лубеницата додека не добиете чист сок од лубеница.

3. Измешајте го сирупот кој претходно го направивте со 3 шолји вода и сок од лимон. Наполнете ја чашата со лед, додајте сок од лубеница и потоа дополнете ја чашата со лимонада.

4. Благо промешајте пред сервирање. Украсете со парчиња лимон и листови нане.