Реал најверојатно без Крос во Париз

Сподели со своите пријатели

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, поради повреда најверојатно ќе го пропушти реванш натпреварот  против Пари Сен Жермен од осминафиналето од Лигата на шампионите закажан за 6 март во Париз.

Од клубот соопштија дека Крос има повреда на лигаментите на десното колено, но и дека го очекува пауза поради што е ставено под знак прашање неговото учество на реваншот со ПСЖ.

Играчот за врска на Реал се претпоставува дека повредата ја добил при судирот со напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе.

На првиот натпревар, во кој „кралевите“  триумфираа со 3:1, Крос беше еден од поистакнатите играчи на Реал, а меѓу другото го изнуди и пеналот за изедначување.

Хрватот Матео Ковачиќ најверојатно ќе го менува Крос на претстојниот дуел со Бетис./МИА

Leave a Reply