Развојниот Буџет на Општина Куманово засега со реализација од трисетина проценти (видео)

Сподели со своите пријатели

Во првиот квартал годинава околу 30% од предвидениот развоен Буџет на Општина Куманово биле рализирани, од кои 39% на приходната, а 36% на расходната страна, според извештајот презентиран денеска пред советниците на 56-та седница на Советот на Општина Куманово.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Буџетот е преобемен и дека нема до крајот на годината да има негово целосно реализирање.

Развојната програма е нереална, преобемна и доаѓаме до 66 милиони денари кратење од други градежни дејности, како што се водовод, канализација, реконструкција на училишта и на крајот на годината пак ќе дојдеме до некои 150 милиони денари реализација, како и минатата година, за да во септември-октомври повторно имаме ребаланс поради преобемноста – рече советничката Краиновиќ.

Раководителот на Секторот за финансии при Општина Куманово пак во својата изјава рече дека на приходната страна има реализација од 39%, наспроти 36% на расходната страна, која се ели на тековни и капитални расходи.

Што се однесува до капиталните инвестиции најголем расход има околу базенот,  бидејќи како што знаете е пуштен во употреба, останатите расходи се поделени на изградба на улици, реконструкција на дел од основни и средни училишта, одржување на семафори во градот, летното одржување во текот на вториот квартал, а за оние кои ен се реализирани се надеваме дека ќе бидат во третиот квартал во годината – изјави Иливска.

Инаку според одлуката на Советот донесена кон крајот на минатата година, развојната програма на Општина Куманово за 2016 година тежи 415 милиони, од кои засега се реализирани само 66 милиони денари.