Растење на 60 степени под нулата (фото)

Сподели со своите пријатели

Петнаесетгодишниот Ајал е последен од своите браќа и сестри кој живее со својат амајка во малото село Верхојанск, на истокот на Русија, каде водата за пиење се чува во коцки мраз, металните очила за зима стануваат опасни, батериите траат неколку минути и каде официјално е забележан најголемиот температурен расчекор од дури 105 степени целзиусови.

За неколку месеци, Ајал ќе тргне по патот на своите браќа и сестри и ќе пристигне во Јакустк, одалечен 600 километри.

И покрај тоа што во Верхојанск постојат многу содржини кои овозможуваат нормален живот, се повеќе млади кои го напуштаат оваа место одат во големите градови.

 

Loading...

 

Најмногу поради суровата клима.

Фотографот Брајс Портално го посетил Ајал за време на подготовките за одење.

Неговата мајка е разведена, а сите пет деца ги изразнала сама. На масата се наоѓа локалниот деликатес – строганина. Тенки листови забрзната риба се сечат со нож и се јадат сирови, во чинија зачинета со соја и бибер.

 

 

Верхојанск ја има титулата најстуденото постојано населено место и се бори со Ојмакон, југостично од него.

 

Loading...

 

Меѓутоа, го држи Гинисовиот рекорд за најголема разлика помеѓу летната и зимската температура на Земјата, откако во 1988 година, на зима имал -67,8 степени целзиусови, додека во летото биле измерени 37,3 степени.

Водата за пиење доаѓа од реката, но не во течна состојба, туку се сечат големи коцки мраз и се носат на населението. Секој дом има својата залиха коцки кои по потреба се внесуваат внатре и се топат.

 

 

Течната вода која се наоѓа во цевките е многу топла за да се спречи цевките да се заледат, па истата не може да се пие.

Преку зима температурите се толку ниски што и батериите кои се користат траат само неколку минути, мастилото се замрзнува пред да почнете да пишувате, а носењето метални очила станува опасно.

Локалното население исто така остава автомобилски мотори да работат по цел ден, плашејќи се дека ако се изладат нема да може да ги запалат автомобилите.

 

 

„Опремени“ со дебело крзно и повеќеслојни масти, коњите и кучињата зимата ја минуваат надвор.

Јакутските коњи се мали и отпорни, а се негуваат најмногу поради местото. Имаат посебно место во животот, економијата, но и во духовниот живот на луѓето во Сибир.

 

Loading...

 

Денес, Верхојанск има 1.131 жител, што е само половина од оние кои тука живееле пред 15 години.