Расте бројот на членови во пливачкиот клуб „Делфин“

Сподели со своите пријатели

Кумановци се заинтересирани за користењето на затворениот пливачки базен, сметаат од пливачкиот клуб Делфин. Од таму велат дека младите го користат слободното време за овој спорт. Додаваат дека веќе имаат 70-ина членови.

По кратка пауза поради бактериолошко чистење на водата и испуштање од базенот пливачкиот клуб Делфин продолжи со своите тренинзи во стандардите термини со цел да стане масовно пливањето во општината и да се користат бенефитите кои што ни ги нуди овој базен. Имаме неколку групи тоа се пливачки-непливачи, сега оформивме групи во посебни термини, група за жени и девојки кои пливаат и не како и хидротерапија за деца со попреченост односно се зависи од способностите и можностите на децата со посебни потреби-изјави м-р Александар Спирковски, од пливачкиот клуб Делфин.

Членовите на пливачкиот клуб Делфин работат со шест дипломирани професори по физичка култура. Тренинзите се одвиваат четири пати во неделата. Во рамки на програмата на клубот, пливачите денеска ги посети демонстратор по предметот физичка култура на факултетот во Скопје, Даниел Трбогазов, кој долги години работи како тренер и инструктор по пливање.  Според него Куманово во моментов има најдобри услови за овој спорт.

Целта ми е да дојдам да ги посетам моите колеги соработници кои конечно имаат услови да почнат да работат и да го развививаат пливањето и во Куманово. Целта ни е да направиме една малку поинаква и посовршена програма за вежбање да го пренесам моето знаење и да почнеме да се трудиме да крираме нови пливачи и пливачки генерации.Се надеваме дека нема да застанеме на оваа посета затоа што сме млади ентузијасти работиме напорно целта ни е првично да направиме една масовност да собереме што повеќе деца за да можеме понатаму да направиме една селекција кои деца професионално да ги тренираме за да имаме поголем напредок и успеси-нагласи тој.

Од пливачкиот клуб Делфин Куманово ги повикуваат сите заинтересирани да им се придружат бидејќи пливањето е превенција за одржување на здравјето, правилен  психо-физички раст и развој.