Ракометарките на Куманово утре го пречекуваат составот на Деспина

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово утре со почеток во 14:30 часот во Спортската сала на ООУ „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо, го играат натреварот од второто коло на домашната женска Супер лига против составот на Деспина од Прилеп.

Тренерите и управата на клубот цврсто се убедени дека утре ЖРК Куманово ќе успее да запише нова победа.

– Мислам дека екипата на Деспина од Прилеп е со послаб квалитет од првото коло против Пелистер и мислам дека нема да имаме потешкотии да ги совладаме со што повеќе голови разлика – изјави Арсовски.

Членот на управниот одбор на клубот, Миодраг Трајковиќ, вели дека очекувањата се високи од ракометарките како за утрешниот натпревар, така и за останатиот дел од сезоната.

– Играме како што сме запознаено со доста појачана екипа кои имаат многу силен спонзор, Витаминка од Прилеп, тоа е екипата на Деспина, очекувањата се сто посто победа на наш терен и во оваа прилика сакам да ја повикам публиката да дојде утре во населбата Перо Чичо да се покажеме како што се покажовме на првиот натпревар, во првото коло и да извојуваме уште една победа – изјави Трајковиќ.

 

Loading...

 

Тренерот на голманките, Синиша Арсовски е задоволен од играта на натпреварот од првото коло, особено од онаа што го прикажаа голманките.

– Се виде дека екипата целокупно е спремна, се играше 60 минути со едно исто темпо, разликата можеше да биде поголема да не влегоа играчи од клупата, но екипно сме задоволни и мора да потенцирам дека голманите беа на високо ниво, мислам дека Ивана Дичковиќ имаше во првото полувреме 12 одбрани, така со ист стил продолжи и новото засилување на голот на ЖРК Куманово, Ивана Петковска – изјави Арсовски.

 

 

Задоволни од стартот на сезоната се и членовите на управата на ЖРК Куманово, кои средбата со Пелистер ја оценуваат како натпревар на високо ниво.

– Точно како што тренерот ја постави тактиката сите играчи дадоа максимален придонес и за успешна почетна сезона и со доста фаворизираната екипа на Пелистер која има големи амбиции и се доста појачани оваа сезона и на секој натпревар ќе одиме доста спремно и освојување на сите три бода – изјави Трајковиќ.

Во недела во 14:30 започнуваат натпреварите и за кадетската категорија на ЖРК Куманово, каде исто така се очекуваат врвни резултати.