Ракометарките на Куманово го совладаа ЖРК Металург

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово славеа победа над Металург со 23:22 во дербито на Женската Лига. Гледачите во Куманово видоа навистинна интересен натпревар, кој изобилуваше со драматични моменти до самиот финиш, а колку ракометарки биле борбени и мотивирани се гледа од податокот дека беа досудени 13 пенали и 10 исклучувања.

Гостинките отворија со 0:3, но Куманово набрзина се врати во игра. Сепак, на пауза се замина со 9:11 за Металург. Во вториот дел и двете екипи имаа свои моменти, најчесто се играше гол за гол, но по 19:19, Бети Петковска даде 2 гола по ред за 21:19.

Домашните искусно го одржаа водство до крајот, а Јована Кипријановска го постигна голот за 23:21. Гостинките намалија на 23:22 преку Васка Глигоријадис, но немаше време за нешто повеќе и дуелот заврши со тој резултат. Најдобра во домашниот тим беше Кипријановска со 7 голови, а 6 даде Пеовска, додека кај Металург се истакнаа Калајџиеска со 7 и Глигоријадис со 5 погодоци.

Извор: 24ракомет.мк

Loading...