Ракометарките на Куманово го пречекуваат ЖРК Гевгелија

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово утре со почеток во 16:30 часот го пречекуваат составот на ЖРК Гевгелија во рамките на 20. коло од женската ракометна Супер лига.

Иако со неколку повредени ракометарки, составот на ЖРК Куманово успешно им парира на противниците во лигата. Во изминатото коло успешно се изборија за еден бод против Металург, откако натпреварот заврши нерешено.

Во утрешниот натпревар влегуваат како фаворити и се очекува од третата позиција во табелата повторно да му дишав во врат на ЖРК Вардар од втората.

Мечот ќе се одигра во Спортската сала на ООУ „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо.

Leave a Reply