Ракометарите на Куманово утре го пречекуваат составот на Риниа М

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово утре со почеток во 17:30 часот на домашен терен го пречекуваат составот на Рениа М во рамките на 12 коло од првата машка ракометна лига на Македонија.

Мечот ќе значи борба за третото место во табелата од домашниот шампионат каде моментално се наѓа составот на Риниа М со 22 бода, исто колку и МРК Куманово кои се на четвртата позиција.

Средбата ќе се одигра во Спортската сала во Куманово, а од раководството на клубот ги повикуваат сите љубители на ракометот од трибините да ја пружат максималната поддршка за кумановци.