Ракометарите на Куманово поразени од Партизан

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово бележат пораз во 15. коло од Машката ракометна лига откако вчера на гостински терен беа совладани од составот на Партизан.

Солидно прво полувреме имаа кумановските ракометари кое го завршија со еден поен негатива, односно резултат 14:13. Заморот кај избраниците на тренерот Александар Атанасовски пристигна во вториот делод средбата кога остварија помалку поени од својот противник, па мечот заврши со разултат 31:27.

Со овој натпревар кумановци се наоѓаат на седмата позиција во табелта со шест победи и исто толку порази, додека три од натпреварите се со нерешен резултат.

Leave a Reply