Ракометарите на Куманово на пријателски натпревар со Металург Јуниор

Сподели со своите пријатели

Машкиот ракометен клуб Куманово во сабота со почеток во 13 часот во Спортската сала во Куманово ќе го одигра вториот пријателски натпревар во рамките на подготовките за претстојната ракометна сезона. Нивен противник ќе биде екипата на Металург Јуниор.

Претходно со резултат 39:26 го совладаа составот на РК Рудар од Протбиштип во рамките на првиот котнролен меч.

Сезоната започнува на 23 септември кога ракометарите на Куманово ќе го одиграат првиот меч и тоа на гостински терен против екипата на Преспа.