Ракометарите на Куманово го пречекуваат Вардар

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово утре на домашен терен, во Спортската сала во Куманово со почеток од 18:30 часот го играат натпреварот од четвртото коло во Првата машка ракометна лига против составот на Вардар од Неготино.

РК Куманово има две победи од досега одиграните три натпревари, исто колку и Вардар, Партизан, Струга, Преспа и Текстилец.

Управата на клубот ги повикува сите љубители на ракометот да дојдат и да го проследат натпреварот и да дадат подршка за нова победа.