Рај за алкохоличари – овој град никогаш не е „трезен“

Сподели со своите пријатели

Австралискиот град Елис Спрингс е „престолнина“ на алкохолизмот – од 50.000 жители, половина се алкохоличари.

Loading...

Рударскиот град, кој е основан во средината на 19 век во време на голема потрага по злато, има најмногу „алкохоличари“ по глава на жител.

Освен тоа, Елис Спрингс важи за еден од најтемните градови во Австралија поради релативно големиот процент на криминал.

На секој чекор се поставени табли кои ги предупредуваат на забраната да се продаваат и конзумираат алкохолни пијалоци.

Полицајците дневно непрекинато патролираат околу локалнит епродавници, за да ги заштитат најзагрозените колку што можат.

Со првото заоѓање на сонцето, „забавата“ се сели во семејните куќи каде трговците доаѓаат на врата и продаваат алкохол по двојно повисоки цени.

Конзумирање на алкохолот е можно во хотелите, баровите и рестораните. Секоја вечер полицијата има полни раце работа – ги трга пијаниците од улиците и спречува тие да се степаат или да прават врева.

Вработена во локалниот кафе бар вели дека некои гости мора да испијат на екс цела флаша жестоко пиење.

Loading...

Флаша рум, купена на црно достигнува цена и од 100 долари, додека влаша вино од 35 долари.

Некои жители на Елис Спрингс толку зависат од акохолот, па кога го нема, дури пијат и бензин – предупредува локалната полиција.