Работнички „се сепна“ во Куманово (галерија)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово остварија победа во рамките на осмото коло од домашното кошаркарско првенство откако на домашен терен вчеравечер го совладаа составот на Работнчки со резултат 86:83.

 

Loading...

 

Неизвесно и напнато мина целиот натпревар, откако и двата тима не направија значителна резултатска предност. Првата четвртина подобри беа гостите со 20 поени наспорти 15те на Куманово, но затоа избраниците на Србиновски не дозволија радоста на гостите да потрае, па на полувреме направија водство со резултат 37:34.

 

 

Третата четвртина повторно мал пад во играта на сино-белиот состав, откако реализираа девет поени помалку од кошаркарите на Работнички, но засилувањето на домашниот состав, американскиот плејмејкер Јонел Браун допринесе кумановци да се  изборат со незапирливиот состав на Марин Докузовски. Откако Браун ги погоди двете слободни фрлања резултатот на табелата беше 74:74, па домаќините изборија дополнителни пет минути на паркетот.

 

Loading...

 

Добрата игра на кошаркарите на Куманово и поддршката од трибините беше очигледна. Поранешниот капитен Александар Костоски своите колеги ги бодреше од трибините во Спортската сала во Куманово, а тие во продолжетокот на натрепварот направија три поени повеќе од кошаркарите на Работнички и на крајот на мечот ја впишаа последната победа оваа година со резултат 86:83.

 

 

Беспрекорен како и до сега во таборот на Србиновски беше Данило Мијатовиќ кој оствари дабл-дабл од 28 поени и 11 скока, а зад него новото засилување Јонел Браун кој успеа да впише 17 поени.

Покажавме дека можеме да играме и затоа победивме. Тежок натпревар на две квалитетни екипи во кој можеби повеќе знаење и среќа имавме ние и заслужено победивме. Влегуваме во вистински ритам, но имаме пауза до 17 јануари, очекуваме малку да ја одмориме екипата и потоа да продолжиме кај што застанавме. За два три тренинга што ги направи со нас, сепак се покажа дека Браун ќе биде добро појачување за нас, има добар шут и мислам дека беше еден од носителите на победата во овој меч – изјави Марјан Србиновски, тренер на КК Куманово.

Публиката беше одлична, ме понесе атмосферата и одигравме одлична игра. Добро се вклопувам со другите, сите веруваат во мене, се надевам дека подбро ќе се вклопам во иднина и ќе продолжиме со победничкиот ритам – изјави Браун.

 

Во гостинскиот состав најдобри беа Чековски со 19 и Мишановиќ со 18 поени.

 

Loading...

 

Ова беше прв пораз за екипата на Работнички оваа сезона, додека шеста победа по ред за составот на сино-белите кои својот следен меч го играат на 17ти јануари во БИБЛ лигата и на 21 јануари во рамките на домашниот шампионат.