Работнички противник на КК Куманово во четвртфинале на Купот на Македонија

Сподели со своите пријатели

Македонската кошаркарска репрезентација денеска изврши ждребување за чевртфиналето од Кошаркарскиот куп на Македонија кој ќе се одржи во салата „Јасмин“ во Кавадарци од 17 до 19 месецов.

Кошаркарите на Куманово за противник го имаат составот на Работнички, МЗТ ќе игра против Кожув, Вардар против Карпош Соколи, додека Фени Индустри за противник го има АВ Охрид.

Утре со почеток во 19 часот во рамките на 12 коло одпрвенството КК Куманово на домашен терен го пречекува составот на Фени Индустри од Кавадарци. Засега избраниците на тренерот Марјан Србиновски се на третата позиција во табелата со 17 поени, додека пак кошаркарите на Фени се на првата позиција со 21 поен, односно со само еден пораз, наспроти четирите на кумановци.

 

Loading...