Работна недела со натпросечни температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со надпросечни дневни температури на воздухот за овој период од годината, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи. Локално се очекува процесите да бидат и поинтензивни, особено во западните делови. Ќе дува и засилен јужен ветер. Минималните температури ќе се движат од 8 до 16, а највисоката дневна температура на воздухот ќе биде во интервалот од 29 до 35 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува умерен ветер од јужен, односно југоисточен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 31 степен целзиусови. Во текот на ноќта ќе дојде до зголемено наоблачување кое ќе донесе можна појава на грмежи и врнежи.

Во вторник времето ќе биде променливо облачно, претпладне со локален дожд и појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува и ќе дува засилен југозападен ветер.

Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно, а во вторнин и среда и малку посвежо време.Од четврток дневните температури ќе бидат во постепен пораст, кој во поголемиот дел од земјава ќе бидат во рамкоте на просекот за овој период од годината.