Работилница за воспитувачките во градинката „Ангел Шајче“

Сподели со своите пријатели

Воспитувачките од кумановската градинка „Ангел Шајче“ денеска имаа можност да присуствуваат на работилница преку која дојдоа до нови сознанија за невербалната комуникација и емпатијата кои треба да им помогнат подобро да ги разберат дечињата, но и нивните родители уште кога прв пат ќе влезат во воспитните установи.

Како што изјави директорката на градинката „Ангел Шајче“, Марина Алексовска, ваквите работилници даваат подобра можност за усовршување на клваифиакциите на воспитувачките со цел грижата за децата да се подигне на повисоко ниво.

– Онаа невербална комуникација која е многу важна денеска да ја прочитаме ние како вработени во детската градинка, при првиот контакт со родителите, децата, онаа комуникација помеѓу самиот персонал, комуникација со децата и затоа во нашата установа професионалното усовршување е постојано и од круцијално значење. Затоа се надеваме дека денешната работилница и присуство на професорот е од големо значење за нашто понатамошно усовршување и давање подобри услуги и квалитет на децата згрижени во установата, изјави Алексовка.

На работилницата обука држеше професор др. Зендел Абедин Шехи кој ваквите работилници ги оценува како можност заедно да се подобрат способностите во комуникациите, но и да се развијат соработничките врски, пријателствата помеѓу колегите, студентите и другите градинки.

– Не е само во знаење на факултативните теории треба и практичните способности да ги аплицираме во реалноста да ги добиваме како подобри и нашите колеги, колешки, раководители на институции да се подобрат нашите вештини, способности да гир азбираме. Се работи за техника на емпатија, тоа е вештина каде ги разбираме чувството и емоциите на луѓето околу нас, дури и на новинарите ги почитуваме нивните емоции и чувства па до децата кои се наоѓаат во оваа градинка. Ќе работиме интензивно четири часа, нема да штедиме време и трпение, ќе споделиме она што го знаеме како да бидат подобри и тие и ние со нив заедно, изјави др. Шехи.

Според проф. Др. Шехи искуството никогаш не е доволно и тоа секогаш треба да се надоградува.