Работи кои му се случуваат на вашиот пенис доколку немате секс: Да, се намалува, но тоа не е најлошото

Сподели со своите пријатели

Секој маж ќе каже дека е многу опасно по него доколку нема секс. Но, дали навистина е така? Може ли пенисот да биде „оштетен“ доколку апстинирате?

Бројни ризици е факт дека постојат, а еве и кои се. Имено, недостатокот на секс кај мажите може да предизвика бројни потешкотии, а експертите откриваат околу што би требало да се загрижи машката популација.

Нема да се крене.

Еректилната дисфункција може да биде првиот проблем на кој мажите ќе налетаат во овој случај. Имено, пенисот како мускул и како и секој друг, доколку не вежбате може да се очекува дека ќе ослабне. Значи и на вашиот пенис му е потребен тренинг. Самите знаете на кои се начини можете да си тренирате.

Што беше тоа секс?

Мозокот е чуд. Кога нешто немате, научите да живеете без тоа нешто и ви станува се помалку важно во животот. Така и со сексот. Доколку некое време сте немале односи, нормално е да очекувате дека сексот се помалку ќе ве интересира. Добра вест е што кога повторно ќе ги почувствувате благодетите на сексот, ќе го засакате исто како и претходно, а можби и повеќе.

Да, ракот е сериозен проблем.

Она што секако би требало да ве загрижи е фактот дека недостатокот на секс ги зголемува шансите за рак на простата. За жал, се поголем број мажи во светот се борат со оваа сурова болест, а шансите да заболите од оваа малигна болест се зголемени доколку не сте сексуално активни.

Да, станува помал.

Доколку долго сте немале секс, а не се трудите и на други начини да се возбудите, може да ви се случи вашата „гордост“ да се намали. Доколку повеќе не ви се случува наутро да се будите возбудени, очекувајте дека со време и пенисот ќе се намалува, затоа што не добиа доволно крв која би го „одржувала“.