12.01.2018 02:28

Путин: Русија и САД преговараат за нуклеарен споразум


Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека Вашингтон и Москва преговараат за клучен споразум за нуклеарното вооружување.

Путин на состанокот со челниците на руските печатени медиуми, рекол дека планот на САД да ги опреми дел од нуклеарно способните летала и подморници за носење конвенционално оружје, предизвикало загриженост во Русија.

Американските планови не се спротивности со Договорот за намалување на нуклеарното оружје за две третитини (START-II), ркеол рускиот претседател и додал дека Москва ја следи ситуацијата за да се увери дека не постои шанса за враќање на нуклеарните капацитети во иднината.

– Дијалогот продолжува и се надевам дека ќе биде позитивен, рекол Путин.

Споразумот помеѓу Русија и САД за намалување на нуклеарното оружје забранува на тие земји да имаат повеќе од 1.550 боеви глави. Тој договор истекува во 2021 година, но може да се продолжи.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments