Путин раскажува како е да се биде таен агент

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин открива дека за време на својата должност во советската тајна служба тесно соработувал со оперативци кои биле вметнувани во други земји.

Путин со закон забрани на децата да им се даваат овие имиња

Loading...

Путин се приклучил во КБГ во 1975 година и служел во Дрезден од 1985 до 1990 година. Во пензија заминал со чинот потполковник, кога Советскиот сојуз се распаднал.

Детали од неговата разузнавачка служба со децении беа мистерија, се до неговото саботно интервју за ТВ каналот „Русија 1“.

Целата моја работа во органите на советската надворешно известувачка служба беше поврзана не само со надворешно-известувачката служба, туку баш со тајната служба. И знак какви луѓе се тоа. Тоа се посебни луѓе, посебни квалитети, со посебно мислење, тие луѓе имаат посебен вид на карактер – рекол Путин во интервјуто.

Ова е новата лимузина на Владимир Путин (фото)

Како вели, не може секој да го напушти својот живот, своите најблиски, семејството и земјата на многу години и да се посвети на служење за татковината.

Тоа можат само избраните. Ова го велам без никакви претерувања. Тајните агенти живеат со таков пристап кон работата, земјата и народот. Тоа се посебни луѓе. Им посакувам среќа, благосостојба, сигурен сум дека ќе ги слушнат моите зборови – вели првиот човек на Руската федерација.