Путин и Ердоган разговараа за ситуацијата во Сирија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Русија Владимир Путин телефонски разговарал со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, објавено е на официјалниот сајт на рускиот претседател.

Двајцата лидери размениле мислење за ситуацијата во Сирија, вклучувајќи и северозапад на земјата во регионот на Африн во врска со воената операција на Турција.

Двете страни го нагласиле значењето за продолжување на активна соработка во решавањето на кризата, која би ребало да биде заснована врз принципите на почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија. Дискутирано е за завршните подготовки за претстојниот конгрес на сирискиот национален дијалог во Сочи.

Изразена е надеж дека Конгресот ќе има репрезентативен карактер и дека ќе се бара трајно политичко решение во Сирија, во рамките со одредбите на резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН, како и договорот постигнат во рамките на процесот Астана.

Позитивна динамика во развојот на руско-турските односи во различни области е забележана со задоволство, се вели во соопштението објавено на официјалниот сајт на Кремљ.