Пуштени во употреба тениските игралишта во Куманово (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и директорот на Агенциајта за спорт и млади Марјан Спасески денеска свечено го пуштија во употреба тенискиот центар „23-ти октомври“  кај спортската сала во Куманово.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”420″]

 

Како што знаете пред 2 ипол години се заврши мултифункционалното игралиште во Куманово, сега 4 тениски терени а следна година се планира уште едно мултифункционално игралиште во Куманово и изградба на фитнес зони на отворено. Кога станува збор за фитнес зоните речиси половина од нив 10 од ветените оваа пролет ќе бидат завршени оваа година а 5 се веќе завршени. Куманово ќе биде во првата половина на следната година со завршена фитнес зона на отворено – изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Станува збор за инвестиција вредна 19,1 милиони денари и истата е дел од проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 120 тениски терени низ Република Македонија.

Агенцијата за млади и спорт во изминативе неколку години во континуитет гради и нвестира во подобрување на спорстаката инфраструктура во Општина Куманово, досега само преку Агенцијата за млади и спорт инвестирани се вкупно 52 милиони денари за изградба на спортаката сала „Панко Брашнаров“, за повеќе наменското спортско игралиште во основонот училиште „11 Окотомври“ и за изградба на овие 4 тениски терени – изјави Марјан Спасески, директор на Агенцијата за млади и спорт.

 

Во следниот период според најавите Куманово ќе добие и отворена фитнес зона, како и уште едно повеќенаменско игралиште во селото Пчиња и 4 игралишта за стрит баскет.

 

Loading...