Пуштен во употреба патот во Табановце (галерија)

Сподели со своите пријатели

Патот во селото Табановце денес и официјално беше пуштен во употреба, откако во изминатиот период се работеше интензивно на проектот финансиран од страна на УНДП, а во соработка со јапонската амбасада и Општина Куманово.

 

Loading...

 

 

Како што истакна градоначалникот на Општина Куманово, УНДП до сега направи многу за општината во помош со справување со бегалската криза која во изминатиот период ја зафати Република Македонија и Европа.

Тоа е асфалтен пат кој ги поврзува двете дестинации со автоаптот во должина од 1,4 километри во вредност од 150.000 евра, изведувачот е „Жикол“. Во мое име и во име на граѓаните на Куманово  голема благодарност на амбасадорката, на јапонската амбасада, на Секторот за евроинтеграции, односно министерството кое несебично во овие моменти работеше на релација локална самоуправа и Министерството и додадоа голем допринос. После ова ќе одиме во СОпот,т аму имаме проект кој беше во склоп на бегалската криза, исто така под покровителство на УНДП и амбасадорот Лузиа Винтон која несебично се даде во бегалската криза и во поддршка на Куманово и Гевгелија – изјави Дамјановски.

 

Пофалби Дамјановски упати и до раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи, Горан Стојковски кој несебично учествува во сите проекти и справување со бегалската криза.

 

Loading...

 

Како што додаде Винтон, соработката со Куманово и Гевгелија како погранични градови кои се најмногу погодени од кризата ќе продолжи и во иднина.

Сакаме да истакнам дека ми е многу драго што го завршуваме овој пат од 1,4 километри во Табановце кој е само еден мал дел во една поширока програма за справување со последиците од бегалската криза и им се заблагодаруваме на колегите од јапонската амбасада, кои уште од почетокот прифатија дека не станува збор само за хуманитарна криза која ги засега мигрантите туку и заедниците кои се директно под притисок на таа криза. Жителите на Табановце беа многу широкогради во справување и помагањето со оваа бегалска криза и многу ни е драго што со помошта од преку 2 милиони долари од јапонската влада ние сме во можност да им се одолжиме и заблагодариме за таа помош и таа поддршка во справувањето со кризата – изјави Винтон.

 

Јапонската амбасада од минатиот месец е отворена во Скопје, а нивниот претставник Тојоказу Кубота најави дека и натаму ќе продолжи соработката и поддршката за помош во справување со бегалската криза.

Доколку имате проблеми не се воздржувајте воопшто да не контактирате за проблеми од ваква природа, така што од таа гледна точка ние ќе останем овде засекогаш и кога ќе имате проблеми од било каков тип слободно обратете се, мигрантската криза и друг тип на слични проблеми е нешто што сериозно не засега – изјави Кубота.

Инаку Табановце има околу 570 жители, но поради миграцијата во странство и градот моментално во селото има околу 300 луѓе, а на кампот кој се наоѓа на крајот од селото моментално има околу четириесетина бегалци кои тука се повеќе од година дена откако европските држави ги спуштија своите рампи на границите и ја затворија балканската бегалска рута.