Пуштен во употреба мостот во Долно Којнаре (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Мостот на влезот во населбата Долно Којнаре денес конечно беше пуштен во употреба. Ова е патен правец кој е од големо значење пред се затоа што води кон СОУ „Киро Бурназ“, но и сточниот пазар.

 

Loading...

 

Проблемот со овој мост траеше со години, изградбата започна лани, а е финансиран преку ИПА фондовите со износ од 4,6 милиони денари, додека Општина Куманово од својот Буџет издвои вкупно 2,9 милиони денари.

На некој начин го решивме проблемот кој е децениски за градот а пред се за Средното училиште „Киро Бурназ“. Мислам дека ова е еден од виталните објекти за Долно Којнаре и за јавното претпријатие пазаришта во врска со сточниот пазар. Сега со директорот разговаравме за интервенција во однос на оваа површина бидејќи некаде околу 4 хектари површина е наменето за пазар и тоа е рм земјиште да еден дел од оваа површина го урбанизираме, го изградиме како паркиралиште за да немаме тесно грло во сообраќајот на улицата бидејќи во време на пазарите недела и сабота кога има голема гужва има отежнат сообраќај и тоа ќе биде излезно решение и решение за сообраќајот во овој дел на градот- изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.

 

Воедно е завршен и проектот за партерно уредување на СОУ „Киро Бурназ“, едно од првите земјоделски училишта формирано и основано како план за земјоделскиот развој на кумановскиот регион.

Зградата има своја историја, на некој начин не е ништо вложувано во последните десетина години , направено е плато , па тротоарно уредување, ограда е поставена, така што учлииштето добива една функционална целина, тоа беше барање  на директорката, тоа се средства од општината , околу 950.000 денари е оградата и 700.000 денари  за решавање на платото пред училиштето. Во наредниот период размислуваме интернатот кој е доста запуштен а е во сопственост на училиштето, на општината, да се трансформира во Центар за лица со посебни потреби како дневен центар како нивната инклузија во општеството да ги научиме на работните вештини и тоа е еден проект кој во наредната година  година и половина ќе биде еден од ударните проекти на училиштето и на локалната самоуправа, на Секторот за социјала, и мислам дека на некој начин ќе ги отвориме хоризонтите на овој дел од градот – вели Дамјановски.

 

Тој се надева дека со новата Влада, Куманово ќе има можност да добие нови проекти, но и финансиски субвенции поддршка во следниот период.

Последните неколку години навистина работиме на подобрување на имиџот на нашето училиште, тоа го правиме на неколку начини, едниот начин е штоп постојано праќаме до мон барање за добивање согласност за отварање на нови смерови во нашето училиште кои ќе бидат атрактивни за учениците, вториот начин е подобрување  на надворешниот изглед на училштето, кое е изградено 1945 година, слух за потребите на нставниците и учениците имаше градоначанликот и советот на општина куманово, кои штио одвоија средстав и за првпат минатата година во нашето училиште беше направена ограда а сега се наредени бекатони на платото на влезот на нашето училиште – изјави Весна Трајковска, директор на СОУ „Киро Бурназ“.

Loading...

 

Инаку мостот го пворзува и добитчниот пазар, каде во недела се продаваат и секакви други производи, а на таа локација се најавува и отворање на Авто пазар.