Пукната цевка поплави две куќи на улицата „Кирил и Методиј“

Сподели со своите пријатели

Рано утринава во 6:16 часот во во Регионалниот центар за управување со кризи, на телефонскиот број 195 било пријавено дека се поплавени две куќи на улицата „Кирил и Методиј“.

До поплавувањето дошло откако пукнал главниот водоводен цев на улицата, при што подрумските простории се наполниле со вода во текот на ноќта.

Веднаш по примениот повик, биле алармирани вработените од Јавното претпријатие „Водовод“ кои излегле на терен и работат на испумпување на водата и санација на дефектот со пукнатата цевка.

 

Loading...