Пукање во селото Романовце

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 08.35 часот во полициската станица Куманово, Т.З. (45) од селото Романовце, кумановско, пријавил дека Ќ.З. (31) од истото село, во дворно место од негова куќа испукал еден куршум во воздух од пиштол, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово при што е  констатирано дека околу 08.30 часот Ќ.З. со одобрение на неговиот татко М.З. (54), зел пиштол марка „Црвена Застава“ калибар 7,62 мм, излегол во дворот од неговата семејната куќа и испукал еден куршум во воздух, со што го вознемирил неговиот роднина Т.З., кој бил во непосредна близина.

На местото била пронајдена и подигната една чаура од испукан куршум и истата ќе биде предмет за понатамошно постапување. Против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.