ПСЖ најблиску до фудбалерот на Јувентус

Сподели со своите пријатели

Управата на Јувентус се изјаснила дека оваа сезона нема потреба да продава играчи но никому нема да забрани доколку сака да го напушти клубот.

Пред само неколку месеци од Челзи го откупија договорот за колумбијанскиот репрезентативец Хуан Квадрадо, но веќе сега можат да го продадат.Секако само во случај ако на нивната адреса пристигне адекватна понуда.

Секако ПСЖ се највеќе заинтересирани за да го преселат  Колумбијанецот во нивните редови.

Освен клубот од Париз , уште неколку други се заинтересирани за услугите на Хуан, највеќе се зборуваше за Арсенал и Милан, но ПСЖ се најблиску до реализирање на овој трансфер .

Се претпоставува дека 30 миниони евра би биле доволни за Јувентус да дозволи да се реализира овој трансфер, но секако останува да видиме со каква понуда ПСЖ ќе излезе пред Јувентус .

Пишува: Стефан Младеновски