Прва во селото облекла панталони и седнала зад воланот: И денесвози на 83. години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Фадила Икановиќ од Живиници има 83 години и се уште активно вози автомобил, откако целиот работен век го минала како автомеханичарка.

„Независне новине“ наведуваат дека оваа баба била првата која во 1966. година положила возачки испит во Живиници, одела на рели, а исто така била и правата жена во тоа гратче во североисточна Босна, која започнала да носи панталони, рушејќи ги општествените предрасуди.

Фадила имала осум браќа и сестри и сите завршиле некои занаети, таа сакала да се школува завтомеханичар, но роднините ја убедиле мајката дека тоа не е за жена. Фадила успеале да ја запишат во тогашната трговско-текстилна струка, која успешно ја завршила, по што дипломата ја подарила на роднините, а таа со братот започнала да поправа автомобили.

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  СНИМКА КОЈА ГИ РАСПЛАКА СИТЕ: Се омажи во болница за да ја исполни последната желба на татко ѝ

 

– Се изнаработев како автомеханичар. Цело Живинице знае дека тоа го знам и се разбирам. Тоа беше моја голема желба и мене не ми беше тоа тешко. Навистина многу работев, менував и автомобили и комбиња, се, рекла Фаила и додала ека ниту самата не знае колку километри изминала со автомобилите.

Но, во приложеното видео поледнете ја целата сторија за баба Фадила.

Leave a Reply