Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Кривичниот суд

Сподели со своите пријатели

По повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, попладнево пред Кривичниот суд се одржува протест поради денешните приведувања на пратеници од нивната партија заради учество во настаните во Собранието на 27 април.

Меѓу присутните на протестот се и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицковски, поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски, Соња Тарчуловска, сопругата на пратеникот Јохан Тарчуловски, актерот Тони Михајловски и поранешниот директор на Архивот на Македонија Филип Петровски.

Лицата кои протестираат се на платото пред Судот, сообраќајот на булеварот околу Судот е блокиран, а просторот е обезбедуван од полицијата.

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и уште 35 лица, меѓу кои пратениците Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов утрово се приведени по налог на Јавното обвинителство за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните во Собранието на 27 април годинава.

Текст: МИА / фото: НоваТВ.мк

Loading...