Протече фотографија од Samsung Galaxy S9

Сподели со своите пријатели

Во овој момент веќе не е прашање „дали“ туку „кога“ ќе се појави, односно како ќе изгледа Samsung Galaxy S9/Ѕ9+ телефоните. Досега можеше да се прочита дека новите модели нема многу да се разликуваат од своите претходници, што еден твит неодамна го потврди.

Имено, во твитот кој го објави порталот  Samsungmobile.News објавена е фотографија која, наводно, го прикажува Samsung Galaxy S9. Не е можно со сигурност да се потврди дали се работи за веродостојна информација, или рендерите се дело на еден од љубителите на овој мобилен уред, но изгледа дека се направи во рамките со информациите кои и претходно можеа да се прочитаат.

Samsung Galaxy S9 серијата ќе има и мини варијанта

Loading...

Така се шпекулира дека маската на телефонот ќе има помала дебелина од претходните модели, а на рендерот е прикажан модел во рамките на кој маската е отстранета од одлниот дел на дисплејот, што го активира прашањето на кој начин Samsung има намера да одржи 5:9 однос помеѓу ширината и висината на страната на дисплејот.

На фотографијата може да се ивдат и бои во кои моделот, наводно, ќе се појави, а тоа се, како и претходно најавено, црна, сина, златна и розова, дека сензорот за отпечаток на прстот ќе остане на задната страна на уредот, иако во последно врме можеше да се слушне дека новите модели ќе имаат in-display сензор.