Проширување на општинскиот Буџет за реконструкција на неколку училишта

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово на денешната 67-ма седница донесе одлука за прошрување на средствата на Буџетот на барање на Секторот за финансии, а за користење странски донации за реконструкција на неколку училишта

Ссновните училишта „Вук Караџиќ“ и „Толи Зордумис“ имаат добиено донација од јапонската амбасада во вредност од 64.000 евра за реновирање подови и прозорци.

Преку друг проект ООУ „Толи Зордумис“ има обезбедено 10.000 евра донации преку Турска национална агенција за детектирање и работа со надарени деца. Проектот е во соработка со училишта од Турција, за чие патување во проширување на буџетот се предвидени средства за патување и сместување на учениците и наставниците.

Во рамките на проширувањето е предвидено и реновирање на дел од СОУ „Перо Наков“ со срдства кои училиштето само ги обезбедило.

Итноста на одлуката, според Секторот за финансии е образложена со фактот дека сите овие активности треба да завршат додека трае летниот распуст.