Просечната плата во јануари изнесувала 22.750 денари

Сподели со своите пријатели

Просечната месечна исплатена нето-плата по единица вработен во Македонија во јануари годинава изнесувала 22.750 денари, што е за 2,2% поголема во спроедба со јануари минатата година.

Според податоците на Државниот завод во статистика, ваквото зголемување се должи на порастот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Информации и комуникации, Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување и РУдарство и вадење на камен.

Намалување на просечната нето-плата е забележано во секторите: уметност, забава и рекреација, информации и комуникации и градежништво.

Просечната бруто плата во јануари изнесувала 33.441 денари или за 2,4% поголема од истиот месец минатата година. Во јануари годинава, 1% од вработените не примиле плата.