Пропаднаа преговорите за избори на 24-ти април

Сподели со своите пријатели

Доцна во раните утрински часови заврши лидерската средба со претставниците од Европската унија, но преговорите не резултираа со договор за избори на 24-ти април.

Еврокомесарот Хан по завршување на средбата изјави дека Македонија се наоѓа во тешка состојба и дека од четирите лидери на најголемите политички партии не успеале да изнајдат решение.

Денеска сфатив дека не е можно да се постигне договор помеѓу сите политчки партии за одржување на избори на 24 април. Очекувам сите политички партии да се држат до договорот потпишан на 2 јуни/15 јули. Сакам да го уверам секој граѓанин дека без разлика што ќе биде конечната одлука на политичките партии кога да биде датумот за предвремени избори ние ќе помогнме во организацијата и дека ќе ја надледуваме ситуацијата за време на изборите , изјави Хан кој најави дека повторно ќе дојде во Македонија. – вели Хан.

Со нешто пооптимистички став е изјавата на посредникот во договорот Ванхауте кој вети дека преговорите ќе продолжат повторно.

Во следните недели ќе продолжиме да се обидеме да работиме, особено на приоритетните проблеми. Ќе дадеме се од себе за да достигнеме договор за овие проблеми – рече Ванхауте.

По преговорите Зоран Заев изјави дека изборите се неприфатливи без регулација на медиумите и прочистување на избирачкиот список.

За нас не се прифатливи избори без навремена регулација на медиумите и и без навремено прочистување на Избирачкиот список. Ако се одржат избори на 24 април, ние на такви избори нема да учествуваме, а ќе продолжиме да се бориме за фер, регуларни и демократски услови за одржување избори. Ќе продолжиме да се бориме за слободна и демократска Македонија. Пропаднаа преговорите, нема договор – изјави Заев.

Груевски пак вели дека ова е обид да сае избегнат преговорите,  иако како што рече три од четворицата лидери биле за избори.

Неговите зборови беа само за одложување на изборите, без никакви аргументи, тој добро знае дека избирачкиот список се проверува за неколку дена, добро знае и дека она што го бара во законот за медиуми го нема во инту една земја. Но, тоа го бара за да ја продолжи кризата во Македонија, зашто само во криза е актуелен и верува дека ќе му донесе политички поени – изјави Никола Груевски.

Македонските лидери по десетчасовната средба не изнајдоа заедничко решение за излез од политичката криза и реализирање на изборите во април.

извор: еМагазин/фото:ПлусИнфо